Тилерсон: На владеењето на семејството Асад му се ближи крајот

Од:

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон денеска изјави дека за претседателот Башар ал Асад и неговото семејство, не се планира никаква улога во иднината на Сирија.

– САД сакаат цела и обединета Сирија во која Башар ал Асад нема да има улога во владата. На владеењето на семејството Асад му се ближи крајот. Единственото прашање е како тоа треба да се постигне, изјави Тилерсон.

Шефот на Стејт департментот соопшти дека единствената причина што силите на Асад успеале да направат пресврт во однос на силите во војната, која трае повеќе од шест години, била „воздушната поддршка што ја добиле од Русија”.

Тилерсон потенцира дека на Иран, вториот голем сојузник на Дамаск, не треба да му се припишуваат заслуги за победа над Исламската држава, поради тоа што Иран сам се „наметнал”.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија