Левицата се заканува дека ќе ја напушти владата ако Пуџдемон распише предвремени избори

Од:

Партијата Републиканска левица на Каталонија (ЕРК) се закани денеска дека ќе ја напушти регионалната влада доколку нејзиниот претседател Карлес Пуџдемон распише предвремени избори, соопштија извори од партијата.

– Распишувањето избори е неоправдано. Тоа е очевидно откажување од мандатот кој му е доверен на референдумот за независност на 1 октомври, а за возврат не добива ништо, се наведува од партијата ЕРК.

Се очекува Пуџдемон да распише предвремени регионални избори, со што би можел да го „разбие“ застојот во односите меѓу Владата во Мардид и сепаратистичките власти кои тежнееат кон отцепување од Шпанија.

Шпанскиот весник „Паис“ пишува дека независноста исклучително и одговара на партијата Кандидатура за народно единство (КУП), која исто така е партнер во владата на Пуџдемон и ја критикуваше неговата „нелојалност“ во врска со најавеното распишување на изборите.

Пуџдемон се откажа од денешното обраќање до јавноста, кога се очекуваше да го распушти парламентот и да распише предвремени избори на 20 декември. За 17 часот е закажана седница на каталонскиот парламент.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата