Илјадници студенти денеска се собраа во Барселона на протести на кои повикаа за прогласување независна република Каталонија.
Тие изразуваат и протест поради намерата на шпанската Влада да ја стави под своја контрола автономната област. Демонстрантите продефилираа низ централните улици на каталонскиот главен град со црвени цвеќиња во рака и знамиња на каталонската независност околу вратот.
– Не можете да затворите цел народ. Не за франковска репресија, беше наведено на транспаренти. Студентите скандираа – Окупациски сили надвор!
Движењето Универзитет за републиката, и студентскиот сиундикат повикаа за ден на штрајк во универзитетите на четириоте најголеми каталонски градови – Барселона, Жирона, Леида и Тарагона во знак на протест поради активирањето на Членот 155 од Уставот со кој се укинува автономијата на областа.