Андонов: МВР под команда на потпретседателот на СДС упорно молчи и не реагира за очигледните изборни криминали

Од:

„МВР под команда на потпретседателот на СДС упорно молчи и не реагира за очигледните изборни криминали. МВР замижува пред јавно обелоденети закани, уцени и поткуп. Згора на тоа потпретседателот на СДС и понатаму го злоупотребува Министерството, вршејќи притисоци и заплашувања врз кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа МВР целосно се става во политичка функција и го помага изборниот криминал.

Целта на истражните органи во овој случај на МВР е во најбрз можен рок да биде најден сторителот на кривичното дело и да биде соодветно санкциониран, односно приведен на судските органи.

Наместо тоа партиската полиција на Оливер Спасовски веќе четири дена не ги приведува криминалците кои со пиштоли се закануваа на брачниот пар од Демир Капија.

Веќе 11 дена не се приведуваат криминалците од Шуто Оризари кои среде група луѓе, на улица пукаа од огнено оружје. Јавноста не знае кој им го дал оружјето, кој ги повикал на партиската прослава на СДС и кој им дал насока да пукаат. Се знае само дека со непостапувањето на полицијата се испраќа порака дека нивните криминални услуги и заплашувања ќе бидат потребни и за вториот круг.

Јавноста апсолутно нема никаква информација што превземало Министерството за внатрешни работи во врска со лицата кои со огнено оружје се фотографираа пред или во партиски штабови на СДС и сликите ги објавуваа на социјалните мрежи, а за кои медиумите пишуваа дека се партиски членови на СДС и нивни советници. Прашуваме, кој им го дал оружјето? Кој ги повикал во штаб со оружје?

Секој ден по завршувањето на првиот круг од локалните избори граѓаните сведочат за очигледен поткуп и закани во разни населени места. Демир Капија, Штип, Гази Баба, Македонска Каменица се градовите каде што се врши дрзок поткуп на гласачите со прехранбени продукти, а МВР не превзема апсолутни ништо иако е присутно на терен.

Со тоа МВР и партиската полиција на Заев и Спасовски се става на страна на криминалот.

Професионалците во МВР се маргинализирани, а партиските послушници се сликаат по митинзи и штабови.

Сакаме да ги предупредиме дека никој не е вечен и дека и оваа власт на СДС бргу и срамно ќе замине. За сторените работи ќе одговараат и ќе има одговорност за сите кои ги прекршиле законите и ја злоупотребиле функцијата и доверената доверба од граѓаните.

Ги поттикнуваме професионалците во МВР, да се охрабрат и да не постапуваат по незаконските наредби. Тие имаат должност да работат исклучиво согласно закон, односно во интересите на граѓаните на кои им служат“, изјави Оливер Андонов.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ