Средба Богдановиќ-Демирчан

Од:

Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ е во официјална посета на општина Бијоглу, Истанбул во рамки на состанокот на градоначалниците на збратимените градови.

Богдановиќ, како што информира општина Центар, остварил средба со градоначалникот на општина Бијоглу Ахмет Мисбах Демирчан.

На средбата биле разменети искуства за функционирањето на двете општини, а градоначалниците констатирале дека Центар и Бијоглу имаат можности за заеднички проекти, за размена на искуства и дговориле соработка во сите области.

Демирчан ја прифатил поканата на Богдановиќ да биде гостин на општина Центар.

Општината Бијоглу е централна и најразвиена општина во Истанбул.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец