Општина Аеродром информира дека денеска почна асфалтирањето на прекопите на главната улица во Долно Лисиче.
На оваа улица, како што се наведува во соопштението, изминатите неколку месеци беше извршена реконструкција на водоводната мрежа и изградба на атмосферска канализација.
– Со тоа Долно Лисиче ја доби првата атмосферска канализација во должина од околу два километра, што е од витално значење за жителите од овој дел на општина Аеродром, затоа што овозможува собирање и одведување на атмосферските води во реката Вардар.
Со реконструкцијата на водоводната мрежа се овозможи непречен проток и поголем притисок на водата за домаќинства, како и решавање на недостигот од вода во летниот период, соопшти општина Аеродром.