Ерик Гордон со кош во последната секунда му донесе победа на Хјустон ноќеска на дуелот со Филаделфија од НБА лигата.
Домаќините во последните три и пол минути влегоа со предност од осум поени (104:96), но не издржаа и му дозволија на Хјустон да триумфира.
Гордон беше најефикасен со 29 поени, Џејмс Харден оствари дабл-дабл 27 поени и 13 асистенции, двоен ефект имаше и Клинт Капел – 16 поени и 20 скокови.
Во поразениот тим се истакна Џејд Редик со 22 поени.
Хјустон има четири победи од пет натпревари, додека Филаделфија е со само еден триумф од пет средби.