Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) оцени дека американските акции за избегнување на „фискална бездна“ не помогнаа особено за решавање на дефицитот и должничките проблеми на земјата.
ММФ го поздрави политичкиот договор постигнат во Вашингтон, што овозможи најголемата светска економија да избегне намалување на буџетските трошоци и зголемување на даноците.
– При недостиг на акции од Конгресот, економското заздравување би можело да забави, се наведува во соопштението на портпаролот на ММФ, Гери Рајс.
Рајс нагласи дека Конгресот остварил недоволен напредок на планот за решавање на американските проблеми во поширока смисла, вклучително и прекумерниот дефицит.