Ирачката армија денеска почна офанзива против борците на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во градовите Рава и Ал Каим во западниот дел на Ирак, во близина на границата со Сирија.
На армиските сили им помогаат шиитски паравоени групи поддржани од Иран, како и од американските и другите меѓународни коалициски партнери.
Ал Каим е последниот премин на границата меѓу Ирак и Сирија, кој се уште е во рацете на ИД.
Ирачката армија ги координира своите активности со Вооружените сили на Сирија, кои настапува против ИД од другата страна на границата и се насочени кон градот Деир ез Зор на реката Еуфрат.
Армиите на двете држави и курдските паравојски успеаја да фи потиснат борците на ИД од сите поголеми градови, како што се Мосул и Алепо.
Борби се водат и на тромеѓето меѓу Ирак, Сирија и Турција, каде е стратегиски важниот граничен премин Фиш Кабур.