Каталонските медиуми со остри критики до Мадрид за планот за преземање на контрола врз медиумите

Од:

Медиумските куќи во Каталонија упатија остри критики на планот на шпанската Влада за нивна контрола согласно преземањата на надлежностите од регионалната власт.

– Планот на централната власт во Мадрид да ја преземе контролата врз медиумите е „директен удар врз граѓаните на Каталонија, се наведува во заедничкото соопштение на ТВ3, Радио Каталонија и новинската агенција АЦН.

Во соопштението, кое е објавено на шест јазици, се додава дека државните медиуми се многу почитувани и гледани во Каталонија, а плановите на Мадрид „го ускратуваат правото на вистинито, објективно, плуралистичко и балансирано информирање“.

Шпанската Влада одлучи да го активира Членот 155 од Уставот и предложи низа мерки за преземање на надлежностите од регионалната влада на Каталонија, разрешувајќи ги нејзините функционери и преземајќи ја контролата врз парламентот, администрацијата и медиумите.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата