Јуро њуз: Пуџдемон утре нема да има обраќање во шпанскиот Сенат

Од:

Каталонскиот премиер Карлес Пуџдемон нема да има утре обраќање во шпанскиот Сенат, објави Јуро њуз, повикувајќи се на извори од каталонската влада.

Сенатот во Мадрид се очекува в петок да гласа за активирање на членот 155 од Уставот на Шпанија.

Пратеник од каталонскиот парламент во изјава за локални медиуми рекол дека спикерот на Парламентот ги информирал дека наместо говор во Сенатот, Пуџдемон ќе има обраќање утре во регионалниот парламент.

Претходно, шпански медиуми јавија дека каталонскиот регионален премиер утре ќе зборува во Сенатот на Шпанија.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата