(ВИДЕО) Кутлешовски: СДС и Борис Георгиевски незаконски ја ставија Агенцијата за Катастар на недвижности во служба на партијата за изборни цели

Од:

„Борис Георгиевски, свесен за слабата поддршка од граѓаните и неминовниот пораз во недела кој го очекува ги злоупотребува државните институции во партиска кампања.

СДС и Георгиевски делат покани и распрскуваат пропаганден материјал за партиски настан, на кој спротивно на закон, претставници на Агенцијата за Катастар ќе зборуваат од името на Агенцијата на партиски настан.

Незаконието и злоупотребата на државни ресурси се белег на СДС. СДС и Борис Георгиевски незаконски ја ставија Агенцијата за Катастар на недвижности во служба на партијата за изборни цели.

Претставници на агенцијата очигледно се принудени активно да се вклучат во изборната кампања во име на агенцијата.

СДС ги избриша границите помеѓу партијата и државата, спојувајќи ги во едно. СДС го користи државниот апарат со цел манипулација со гласачите.

СДС спротивно на закон ги става службениците од Агенцијата за Катастар во функција на изборната кампања на Георгиевски. Вработените во Агенцијата наместо да си ја работат работата за која се платени со парите на граѓаните, со цел подобрување на услугите на Агенцијата, тие мора да одработуваат за потребите на СДС.

Оттука се гледа дека СДС не работи за доброто на граѓаните и за нивните потреби. Единствено што мислат е како да изманипулираат и излажат граѓани.

СДС во изминатите 5 месеци не сработи ниту еден проект, не направи ниту една инвестиција во Гази Баба, а нема ништо да направи и во иднина, единствено што прави СДС е манипулација со гласачите, поткуп, закани и уцени, како што видовме од медиумите кои објавија фото и видео материјали.

Граѓаните се свесни дека ВМРО-ДПМНЕ работи и ги крева стандардите, а СДС лаже и манипулира.

Граѓаните на Гази Баба пред себе имаат јасен избор, дали за градоначалник сакаат човек кој фалсификува документи за трговци со дрога, како што е Борис Георгиевски, дело за кое се предвидува казна затвор од 5 години, како што видовме од документите објавени во медиумите или сакаат човек кој работи, работи и гради.

Граѓаните на Гази Баба имаат јасна понуда пред себе и ќе одлучат дали ќе бидат водени од чесни и работливи луѓе или луѓе со сомнително минато“, изјави Сашо Кутлешовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата