Дел од членовите на регионалната Влада на Каталонија побараа од нивниот шеф Карлес Пуџдемон да распише предвремени избори за членови на каталонскиот Парламент, со цел да се избегне Владата во Мадрид да преземе директна контрола над регионот.
Извор близок на Пуџдемон, наведе дека на владиното заседание, дел од министирте ја поддржале идејата за предвремени избори во и побрале од претседателот на регионалната Влада да покрене таква иницијатива.
Целта на ваквата мерка би било шпанската Влада да не го активира членот 155 од Уставот на Шпанија, со што би била укината автономијата на Каталонија.
Шпанската Влада донесе одлука да го активира членот 155 од шпанскиот Устав за да спречи еднострано прогласување независност на Каталонија, каде живее 16 отсто од шпанското население, .
Процедурата за активирањето на тој член, сепак е сложена и може да предизвика немири.
Опозициската Социјалистичка работничка партија на Шпанија (ПСОЕ), која ги поддржа мерките на Владата на шпанскиот премиер Маијано Рахој во врска со Каталонија, наведе дека свикувањето на регионални избори од страна на Пуџдемон ќе биде сфатено како воспоставување на уставен ред и ќе им овозможи на централните власти да се откажат од намерата за воведување директна управа.
Каталонскиот весник „Вингуардија“ објави дека во каталонската Влада имало „жестока дискусија“ меѓу оние кои сакаат да бидат одржани предвремени избори и оние кои сакаат еднострано прогласување независност на Каталонија.
Се очекува в петок шпанскиот Сенат да го одобри планот со кој на Владата во Мадрид ќе и биде дозволено да ги укине сите овластувања на каталонските власти, како што предвидува членот 155 од Уставот на Шпанија.
За утре пак е најавена седница на каталонскиот Парламент, на кој би можела да биде донесена одлука за игнорирање на мерките на Мадрид и да биде прогласена еднострана независност на Каталонија. Но, можно е и Парламентот да се самораспушти и да бидат закажани предремени избори.
Шпанската Влада во саботата реши да започне процес на активирање на членот 155 од Уставот, со што би се распуштила регионалната Влада и би се распишале предвремени избори, а до нивното одржување со Каталонија би раковедел посебен орган именуван од страна на Кабинетот во Мадрид.
Владата се реши на ваквиот потег, откако властите во Барселона на 1 октомври спроведоа референдум за независонсот на Каталонија, кој беше прогласен за нелегален од страна на Мадрид. На референдумот гласаа околу 40 отсто од регистрираните избирачи, од кои над 90 проценти се изјаснија за независност.