Косовец обвинет за обид за убиство на сопругата во хотел во Скопје

Од:

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.С.(34) од Новален, Косово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Како што информира МВР, во неделата на 22 октомври околу 4:50 часот во хотел лоциран на улицата „Титовелешка“, во Скопје, пријавениот се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга Н.Х.(39) од Рига, Латвија, при што со нож и нанел повеќе расекотини во пределот на главата и телото, како и убодна рана во пределот на левата страна на вратот.

– При обидот за убиство во собата влегол Ф.З. (26) од Скопје, вработен во агенција за обезбедување имоти и лица „НИКОБ“ кој бил повикан од вработените во хотелот. Откако пробал да го оттргне пријавениот од Н.Х., Ф.З. бил нападнат од негова страна, и притоа се здобил со расекотина со нож во пределот на десната дланка, соопшти МВР.

На пријавениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип