На улицата „Партизанска“ во Демир Капија вчера околу 6:15 часот се случила сообраќајна незгода во која М.Н. (47) од село Чифлик–Демир Капија, управувајќи патничко возило „Опел Астра“ со кавадаречки регистерски таблици удрила во пешакот Б.Т.(73) од Велес кој починал на самото место.
Смртта, како што информира МВР, била констатирана од страна на лекар од итна медицинска помош Неготино.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица Неготино и се работи на целосно расчистување на случајот.