Раководството на рускиот фудбалски клуб Уфа им овозможи на навивачите да внесат термос на трибините за време на последните три натпревари од годината.
– На последните три натпревари во 2017 година од рускиот шампионат, ќе бидете во можност да внесете термос (капацитет помал од еден литар) со топли пијалаци на трибините на стадионот „Нефтјаник“. Кај нас биде жешко, соопшти прес-службата на клубот од руската република Башкортостан.
Уфа на 30 октомври ќе игра со Рубин, на 19 ноември против Урал, а на 3 декември ривал ќе и биде Амкар.