Димитров: За членството на Косово во УНЕСКО ќе ги земеме предвид интересите на сите

Од:

Одлуката во однос на барањето на Косово за членство во УНЕСКО Македонија ќе ја донесе врз основа на интересот на Косово, Србија, но и согласно сопствените интереси, што ги вклучува и интересите на припадници на албанската заедница.

Ова го порача министерот за надворешни работи Никола Димитров на заедничката прес-конференција денеска во Скопје со неговиот косовски колега Беџет Пацоли.

– Македонија ова прашање го третира со исклучителна внимателност, бидејќи се работи за прашење што дели двајца наши соседи, кои сакаме да бидат на иста страна. Ние нема да имаме клучна улога во тој процес и откако ќе дојде на дневен ред ќе ги имаме предвид интересот на нашите пријатели од Косово, интересот на нашите пријатели од Србија и ќе донесеме одлука согласно интересите на Република Македонија, што ги вклучуваат и интересите на нашите сограѓани, кои се припадници на албанската заедница, нагласи Димитров.

Тој напомена дека сите држави на Балканот треба што побрзо да ја прифатат перспективата дека нема страни, дури и за најделикатните прашања, бидејќи како што рече „сите заедно еден ден ќе се најдеме на иста страна“.

Пацоли од своја страна нагласи дека членството на Македонија во меѓународните организации, го зголемува и квалитетот на животот на граѓаните во Косово и напомена дека овој процес оди и во обратна насока.

– Ја поддржуваме Македонија и ја очекуваме нејзината поддршка. Ние сме две соседни земји и соседот не се избира. Нашата судбина е да соработуваме, додаде косовскиот министер за надворешни работи.

Приштинските власти на почетокот на месецот соопштија дека се откажале од барањето за членство во Интерпол и УНЕСКО.

Косовското МНР тогаш соопшти дека „прагматичното одложување“ на барањето е направено во согласност со САД, Британија, Франција, Германија и Италија.

Косовската Влада неодамна најави дека работи на членството во Интерпол следната година и во УНЕСКО во 2019 година.

Двајцата министрите на денешната средба во Скопје се договориле да одржат заедничи владини седници, при што првата е закажана за почетокот на следната година.

Косово и Македонија, како што напомена Димитров имаат солидна правна рамка, заснована на 19 билатерални спогодби и многу иницијативи за подобрување на соработката.

Беџети истакна дека на средбата било разговарано за можностите за инфрастуктирно поврзување, отстранување на бариерите во транспорот и трговијата, зголемување на обемот на рамена на стоки и услуги.

Шефот на косовската дипломатија напомена дека е разговарано и за можноста за слободна економска зона, како и можноста царинењето да се прави на едно место.

Македонија и Косово воспоставија дипломатски односи во 2009 година. Косово е 127 земја со која РМ воспостави дипломатски односи под уставното име.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Конститутивната седница на косовскиот парламент се претвори во сапуница, неуспешен обид број 13

Катерина Ѓуровски

Косово без образложение задржува македонски камиони на на граница, алармира Стопанската комора

ВИДЕО: Пропадна и осмиот обид за избор на претседател на косовското собрание

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани