Отворање на изложбата „Несовршен простор“ утревечер во Струмица

Од:

Групната изложба „Несовршен простор“ од конкурсот за современи македонски сликари, на кој е наградено едно ликовно дело утревечер ќе биде отворена во Струмица.

– Целта на проектот е да ги мотивира и промовира активните сликари кои создаваат автентично творештво во време кога сликарството се истиснува на маргините од сцената, од вакумот на новите медиуми и услови на брзо продуцирање визуелни производи. Основната цел е да се награди сликарот кој во своето ателје посветено создава едно сликарско дело, циклус или сликарски концепт, пркосејќи му на брзиот начин на модерното постоење, вели Никола Пијанманов, од Здружението за култура „Транзен“.

„Несовршениот простор” е вечната болка на сликата, одделена од ателјето, од матицата на уметникот. Бездомно совршено дело кое лута низ несовршениот свет на претставувањето, велат организаторите.

На изложбата ќе бидат застапени делата на сликарите Александар Иванов (прва откупна награда), Анета Ивановска Симјановска, Мирјана Крстева Масети, Ване Костуранов, Вангел Срнаков, Викторија Попоска, Владимир Илиевски, Валентина Илијевска, Верица Арапова, Гоце Илиевски, Тони Попов, Панче Ѓоргиев, Љупка Василева, Татјана Медарова, Марјан Ѕингаров, Кристина Зимбакова, Марија Трпеска, Томе Манески и Соња Настовска Мицева.

Изложбата е дел од проектот „Креативна Струмица” на Здружението за култура „Транзен“, финансиски поддржан од програмата Г1 на општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски