Денешната кота на нивото на Охридското Езеро изнесува 693,19 мнм и е за девет сантиметри повисока од дозволеното минимално ниво (693,10 мнм), информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според податоците на УХМР, водостоите на сите реки во Македонија се под вообичаениот просек за октомври со исклучок на Вардар кај Демир Капија кој има за осум сантиметри повисок водостој од вообичаениот и Брегалница кај Берово со еден сантиметар повисок водостој.