Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека светот треба да се загрижи за судбината на ирачките Курди кои организираа референдум за независност во нивниот автономен регион и покрај противењето на Багдад.
– Курдите покажаа зрелост, и национална и меѓународна. Светот треба да се загрижи на нивната безбедност и иднина, изјави Нетанјаху на церемонија во чест на поранешниот израелски министер Рехавам Зееви, кој беше убиен од страна на Палестинците во 2001 година.
Минатиот месец Нетанјаху даде поддршка за „легитимните напори на курдскиот народ да добие сопствена држава“, наспроти сите меѓународни лидери.