Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во вечерниот извештај за состојбата на патиштата.
На граничниот премин Делчево, се уште е во прекин сообраќајот за товарни возила за влез и за излез од Македонија. Причина за прекинот, што почна изутрина, се проблеми со компјутерскиот систем на царината. На останатите гранични премини нема подолги задржувања.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.