МВР: Министерството е институција на сите граѓани и функционира согласно Уставот и законите

Од:

Министерството за внатрешни работи испрати демант на денешната прес-конференција на Антоино Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Неоснованите наводи изнесени од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција за некакви и со ништо неаргументирани притисоци и закани врз гласачите, наводно и од страна на МВР, се апсурдни и неточни.

Министерството за внатрешни работи е институција на сите граѓани на Република Македонија, и нејзиното функционирање, како и професионалниот однос кон работата на секој припадник на министерството се исклучиво – согласно Уставот и законите за внатрешни работи и за полиција.

Политичките квалификативи со кои г-динот Милошоски сака да ја „идентификува“ полицијата, Министерството за внатрешни работи одбива да ги коментира, без оглед што се штетни по интегритетот на секој вработен во оваа институција, за самата институција и за избирачкиот процес во целина.

МВР, како што и е познато на јавноста, реагираше и превзеде мерки и активности не само по однос на сите пристигнати пријави во текот на првиот изборен круг од локалните избори, туку, истовремено, со својот професионален и стриктно законски основан ангажман придонесе за одржување на мирни и слободни, демократски избори, според оценките на сите релеватни домашни и странски институции и организации.

МВР уште еднаш апелира до политичките партии да се воздржат од секакви неосновани изјави, притоа јасно ставајќи до знаење дека е целосно подготвена да им овозможи на сите граѓани на Република Македонија, слободно изразување на нивната политичка волја и на вториот круг од избирачкиот процес во недела“ се вели во демантот.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски