Главениот наредник во НАТО Давор Пете во дводневна официјална посета на АРМ

Од:

Активностите на НАТО поврзани со развојот на подофицерскиот кор, кој е еден од главните столбови во изведување на воената обука и овозможува поефикасно функционирање на командувањето, била темата на разговор на денешната средба меѓу главниот подофицер на Сојузничката Команда за операции во Врховниот Штаб на НАТО сојузничките сили во Европа (SHAPE), главен наредник Давор Пете и главниот подофицер на АРМ, главен наредник Свето Цветковски.

Како што информираат од АРМ, Пете, кој е во дводневна официјална посета на Армијата на Република Македонија ќе се запознае со организацијата и функционирањето на подофицерскиот кор на АРМ, а соговорниците ќе разменат искуства и ќе се разгледува можноста за унапредување на соработката во делот на развојот на подофицерскиот кор.

Согласно програмата, во текот на денешниот и утрешниот ден предвидено е посета на капацитетите за обука со кои АРМ располага во Командата за обука и доктрини, Воено-Медицинскиот Центар и Полкот за специјални операции каде ќе бидат извршени презентации и методско показни вежби.

За време на престојот во Генералштабот, главниот наредник, Петек остварил средба и со началникот на ГШ на АРМ , генерал-потполковник Методија Величковски.

Би можело да ве интересира

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“