Жестоки борби се водат денеска меѓу парамилитарните единици Хашд ал-Шаби и џихадистите од групата „Исламска држава” во реонот на ирачкиот град Мосул.
Хашд ал-Шаби соопшти дека се обидуваат да го одбијат нападот „Исламска држава“ југозападно од Мосул, во пустината Хатра. Таа формација беше формирана во 2014 година за да и помогне на ирачката армија против офанзивата на џихадистите.
Во текот на изминатите три години, ирачките сили вратија под контрола повеќе од 90 отсто од територијата што ја окупираше „Исламската држава“ во Ирак во 2014 година, која тогаш изнесуваше речиси една третина од земјата.