ВМРО-ДПМНЕ: СДС во изминативе 5 месеци не инвестираше ниту денар во општина Гази Баба

Од:

„СДС понатаму продолжува да ги лаже и манипулира граѓаните. Поплавени улици во Гази Баба за време на синоќешните дождови немало.

СДС продолжува да ги манипулира граѓаните, СДС во изминативе 5 месеци не инвестираше ниту денар во општина Гази Баба.

ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 8 години изгради 80 километри фекална и атмосферска канализација, што го намали поплавувањето на улиците и собирање на поголеми количини вода по поројни дождови.

Во изминатиов период се решија неколку црни точки кои собираа поголема количина вода која не се исцедуваше, и причинуваше сообраќаен хаос, како што се местата пред хотелот Континентал, пред Бриколаж, улицата Маџари, улицата Финска, како и Триангла, каде проблемите со поплавени улици долгорочно се решија.

Кога од СДС зборуваат за одвод на атмосферските води треба да знаат дека одводот оди низ каналската мрежа, за чие чистење сегашниот нивен кандидат за градоначалник, а тогашен советник секогаш кога се гласаше за чистење на каналите гласаше против. Тоа е доказ за лицемерието на СДС.

СДС ги лаже граѓаните. СДС манипулира. СДС нема ништо изградено за жителите на Гази Баба ниту во годините додека беа на власт, ниту во последните 5 месеци откако ја имаат централната власт“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Милица Бубало.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ