Седумдесет и двегодишен велешанец утрово загина во сообраќајна несреќа во Демир Капија, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
– Околу 06:00 часот во Демир Капија на ул.„Партизански одреди“ пред куќен број 84 случена е сообраќајна незгода, при што, патнички автомобил марка „Опел астра“ со неготински регистарски ознаки управуван од М.Н.(47) удрил пешак Б.Т.(72) од Велес, кој се движел на коловозот во ист правец како и автомобилот. Од добиените повреди пешакот починал на местото на настанот, кое е констатирано од страна на екипата за Итна медицинска помош од Неготино, соопшти Додевски.
Во присуство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци увид извршила екипа од Полициската станица Неготино.