Спасовски и Минити ќе ја зајакнат борбата против организираниот криминал и финаниските истраги

Од:

Подготвеност за продлабочување на соработката, особено во областа на организираниот криминал и финансиските истраги изразија на денешната средба во Трст министрите за внатрешни работи на Македонија и Италија, Оливер Спасовски и Марко Минити.

Тие ја потенцираа одличната соработка меѓу двете министерства, која како што потенцираа се одвива во духот на традиционално добрите пријателски односи меѓу двете земји.

На средбата, како што соопшти МВР, е ставен акцент на соработката во областа на борбата против дрога, а во таа смисла претставници од македонското МВР присуствуваат на обуки за борба против трговија со дрога, главно во Централната дирекција за борба против дрога во Рим.

Минити ја потенцираше безрезервната поддршка од Италија за реформите во Македонија.

Министерот Спасовски вчера и денеска учествува на Завршната министерската конференција за проектот „Борба против организираниот криминал: Меѓународна соработка во кривичното право“, која се одржува во Трст.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници