Меѓународен кулинарски натпревар ГастроМак Македонија 2017

Од:

Шеесетина врвни мастер-шеф судии и околу триста натпреварувачи и гости од триесетина земји од цел свет, ќе учествуваат на 2. Интернационален гастрономски натпревар „ГастроМак Македонија 2017“ што од денеска до 28 октомври ќе се одржува во Струмица.

Настанот е во организација на Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија – ГастроМак, со логистичка поддршка од WACS – World Association of Chefs Societies, Светската организација на шефови на кујни, која ги обединува националните кулинарски здруженија од преку 150 држави во светот. Домаќин ќе биде хотелот „Вила парк“.

Натпреварот се одржува под мотото „Залче од светските вкусови!” а најавени се гости од рангот на Мишелин Стар готвачи, како и огромен број натпреварувачи од цел светот.

Врвните кулинирски шефови ќе се натпреваруваат во 33 категории, поделени во четири сегемнти: топло и ладно готвење, карвинг (изработка на фигури од овошје и зеленчук), како и подготовка на пица. Во исто време, во едукативниот дел, десетина експерти со мастер шеф титулата ќе одржат повеќе мастер класови.

Би можело да ве интересира

Со готвачко дефиле отворен „ГастроМак 2018“

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Заев: Со „ГастроМак“ Струмица и Република Македонија добија свое место на светската гастрономска мапа

Наум Локоски

Почна Интернационалниот гастрономски натпревар Гастро Мак 2017

Ана Ололовска

Втор гастрономски натпревар ГастроМак Македонија 2017.

Ана Ололовска

Меѓународен кулинарски настан ГастроМак Македонија 2017 во Струмица

Ана Ололовска

Утре започнува ГастроМак 2017

Наум Локоски