(ВИДЕО) Богојески: Остануваме посветени на нашиот антикомунизам и нашата борба за демократија и слобода

Од:

Веруваме во правна држава и владеење на правото, а не на волјата на поединците. Веруваме во традицијата и верата, во праведноста, семејството и семејните вредности, рече Петар Богојески на денешната прослава по повод 23 Октомври, Денот на ВМРО, организирана од поддржувачите на иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

– Веруваме во модерна македонска нација. Веруваме во пазарното стопанство и приватната сопственост и наважно, остануваме посветени на антикомунизмот и на нашата борба за демократија и слобода, рече Богојески.

Тој напомена дека иницијаторите за реформи станале обединети во име на слободата и солидарноста и дека се кренале за слобода на говорот и мислата на индивидуалните права, каде што личниот интегритет и професионалност ќе бидат вистинските вредности.

Богојески рече дека организацијата е создадена за да служи на народот, а не на еден човек.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси