Македонските каратисти ќе учествуваат на Светското првенство во Шпанија

Од:

По повод учеството на македонската карате репрезентација на претстојното Светското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У 21) кое ќе се одржи во период од 25-29 октомври во Тенерифе, Шпанија, денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт (АМС) беше одржана прес конференција.

Директорот на АМС Дарко Каевски истакна дека АМС на каратистите им се дава голема поддршка, особено ако се знае дека овој спорт е еден од најтрофејните спортови кој носи многу медали за Македонија и воедно додаде дека очекува високи резултати од каратистите.

– Агенцијата за млади и спорт го поддржува каратето, а тоа како АМС го потврдуваме и со финансиската поддршка која ја овозможивме на нашите каратисти на ова Светско првенство. Каратето е еден од нашите најуспешни спортови, а со континуирана поддршка и стимул на младите каратисти сакаме дополнително да ги мотивираме, да донесат медали и од Тенерифе и да ја претстават Република Македонија во најдобро можно светло. Убеден сум дека овие млади надежи се подготвени за големи резултати, а домашната спортска јавност со нетрпение ги очекува нивните настапи, изјави Каевски.

На шампионатот во Тенерифе Македонија ќе ја претставуваат 30 натпреварувачи во различни возрасни категории, а ќе бидат предводени од стручниот штаб во состав Стојан Андриевски, Арлинд Хусеини и Александар Кузмановски

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје