ВИДЕО: Претставници на владата положија цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градски Парк во Скопје

Од:

Делегација на Владата на Република Македонија на чело со министерот за култура Роберт Алаѓозовски, во придружба на министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, по повод празникот „Ден на македонската револуционерна борба – 23 октомври“, денеска положи венци со свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градски Парк во Скопје.

Венци со свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев положија и делегации на Собранието на Република Македонија, на Претседателот на Република Македонија, на АРМ, на Сојузот на борците на Република Македонија, на политичките партии и на дипломатскиот кор во земјата.

Владата на Република Македонија им го честита на граѓаните празникот „Ден на македонската револуционерна борба – 23 октомври“, кој обврзува заеднички да креираме услови за стабилност и за подобар живот во нашата држава.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски