Каталонскиот парламент ќе одржи пленарна седница в четврток претпладне, на која ќе донесе решение како ќе реагира на одлуката на шпанската Влада за преземање директно управување со областа, изјави портпарол на регионалната партиска коалиција „Заедно за ДА“.
Коалицијата планира да го обжали пред суд активирањето на членот 155 од Уставот на Шпанија, со кој им се одземаат овластувањата на регионалните власти и се создаваат услови за одржување нови избори.
Се очекува шпанскиот Сенат в петок да гласа за примена на членот 155 во врска со Каталонија.