Каталонците пред тешка одлука откако Мадрид најави примена на членот 155

Од:

Парламентарните партии во Каталонија денеска треба да се договорат околу новите чекори кои ќе ги преземе автономната област откако официјален Мадрид најави примена на членот 155 од шпанскиот Устав.

Шпанскиот премиер Мариано Рахој пред два дена изјави дека Владата донела одлука за преземање контрола врз каталонскиот Парламент и администрацијата, а на 27 октомври предлогот ќе биде ставен на гласање во парламентот во Мадрид.

Вицепремиерката на Шпанија, Сораја Саенз де Сантамарија денеска истакна дека каталонскиот лидер ќе ги загуби сите овластувања и нема веќе да добива плата, откако шпанскиот Сенат ќе го активира членот 155. Таа објасни дека откако ќе биде одобрено директното управување, можно е Мадрид да именува еден претставник кој ќе управува со областа.

– Она што се случува во моментот е дека Владата во Каталонија мора да донесе едногласна одлука, која потоа ќе и биде соопштена на јавноста, истакна портпаролот на каталонските власти, Жорди Туруљ, остро осудувајќи го „државниот удар врз каталонските институции“.

Портпаролот на каталонското Министерство за надворешни работи, Раул Ромева нагласи дека „довербата кон ЕУ ќе се намали доколку дозволи Мадрид да наложи директно управување со Каталонија“. Според него, единствено Каталонците имаат право да ги сменат регионалните институции.

Каталонските парламентарни партии би требало денеска да се договорат за датумот и дневниот ред на седницата на регионалниот Парламент, на која ќе се расправа за следните чекори, но би можело да се очекува и прогласување независност на автономната област, каде на 1 октомври беше одржан референдум за отцепување од Шпанија.

Истовремено, група шпански адвокати поднеле тужба против каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон пред шпанскиот Врховен суд. Тој се товари за злоупотреба на власта, непочитување на судска одлука и бунт. Засега не е познато со какво темпо ќе се одвива тој процес и дали воопшто ќе започне, но Пуџдемон би можел да заврши в затвор доколку биде осуден за тие дела.

Каталонците жестоко го бранат својот јазик и култура и имаат контрола врз полицијата, медиумите, здравството и образованието. Токму тоа Мадрид би можел да им го одземе в петок со активирање на членот 155 од Уставот. Тогаш почнува да тече рокот од шест месеци, во кои Каталонија, под контрола на Мадрид, ќе ја загуби автономијата се до новите, вонредни избори, на кои ќе се избира нова влада.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата