Соочена со еден од најголемите студентски протести во Историјата на Канада, владата на Квебек предложи нов нацрт закон за високото образование со цел да се запрат студентските протести поради поскапувањето на школарината.
Официјален Квебек доцна синоќа соопшти дека се уапсени 122 студенти, додека на улиците на Монтреал излегле неколку илјади демонстранти кои кршеле излози и ја гаѓале полицијата со разни предмети.
Тензиите продолжија и денеска во Гатино, каде се евакуирано три колеџи поради најава за подметната бомба.
Студентските протести поради поскапената школарина почнаа пред три месеци, а кулминираа во понеделникот што доведе до оставка на министерот за образование.
Новиот предлог закон нема да доведе до намалување на стипендиите, туку со него ќе биде привремено намалена наставата, тврди Жан Шаре, премиерот на Квебек.
Со овој закон наставата на универзитетите ќе биде запрена до август, а распустот ќе почне подоцна за 25 универзитети и колеџи кои штрајкуваа, пренесуваат канадските медиуми.
Владата на Квебек соопшти дека најголем дел од студентите годината ја завршиле без да излезат на штрајковите.