Колариќ: На 15-ти октомври СДС ја погреба македонската демократија и ќе остави црна трага во македонската историја

Од:

„На 15-ти октомври Социјалдемократскиот сојуз ја погреба македонската демократија и ќе остави црна трага во македонската историја со организирање на избори на кои граѓаните ниту слободно, ниту пак демократски, ниту пак во фер атмосфера го даваа својот глас.

Во предизборниот период се случуваа голем број на нерегуларност, уцени и притисоци, се избришаа границите помеѓу партијата и државата, кандидатите за градоначалници беа константно следени, беше вршен притисок врз гласачите, а за жал беше убиен и носител на советничка листа.

Изборниот ден помина во тензична атмосфера со прекини на гласањето на повеќе гласачки места, со евидентирани уцени и со поткуп на гласачи. Додека на голем број места низ државата беше извршен т.н. метод на бугарски воз, со што гласачките кутии беа наполнети со однапред заокружени ливчиња за Социјалдемократскиот сојуз.

Бугарски воз од досега евидентираното е извршен во Карпош, Охрид, Велес, Струмица, Врапчиште, Гостивар, Гевгелија и Берово, сето ова е документирано и внесено во записник.

Во јавноста и медиумите излегоа информации за испечатени дупли гласачки ливчиња од кои едни биле за потребите на ДИК, а други за потребите на Социјалдемократскиот сојуз кои однапред заокружени со кандидатите на Социјалдемократскиот сојуз им биле дадени на гласачите. Доказ за оваа ситуација се гласачки ливчиња пронајдени во Ресен со ист сериски број.

Овие и голем број на други нерегуларности и докази за постоечкиот изборен инжинеринг се премолчени и релативизирани од страна на надлежните институции, а особено од ДИК, институцијата која е најодговорна да постапи по овие сериозни докази. Мнозинството на членовите на ДИК кои се од Социјалдемократскиот сојуз како и претседателот Чичаковски покажаа една видна нервоза која беше резултат на нивното замижување пред очигледните незаконитости. ДИК за жал остана нем пред очигледниот изборен криминал кој го спроведе Социјалдемократскиот сојуз.

Поткупот на гласачите кој беше присутен во текот на целата изборна кампања, се забележа и во текот на изборниот ден.

Овие избори според сите информации и според сите докази кои се јавно достапни се најнерегуларните избори некогаш спроведени во независна Македонија.

Македонија заслужува да биде демократска држава, а граѓаните заслужуваат да го остварат своето демократско право и слободно да го дадат својот глас и да се почитува нивниот глас. За сево ова одговорност мора да има и одговорност ќе има. Времето на уцени помина, граѓаните гордо и достоинствено ќе си ја одбранат демократијата во Република Македонија“, изјави Светлана Колариќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски