ВМРО-ДПМНЕ: За пет месеци Владата нема ниту еден проект во Гази Баба

Од:

„Ниту една влада на СДС не изгради ниту еден проект за Гази Баба. За 5 месеци владата на Зоран Заев нема ниту еден предвиден или изграден проект за Гази Баба, за илустрација градоначалникот Тони Трајковски за 5 месеци изгради 10 километри асфалтирани патишта.

Бидејќи кандидатот за градоначалник на СДС, Борис Георгиевски говори за Стајковци и Автокоманда, ВМРО-ДПМНЕ само за овие две места предвидува десетици конкретни проекти како:

• Изградба на нова детска градинка тука во Стајковци, градбата беше одложена поради тоа што новата влада на СДС со ребалансот на буџетот ги укина средствата кои владата на ВМРО-ДПМНЕ ги намени за нејзина градба. Општината со сопствени средства ќе ја изгради.

• Изградба на нова фискултурна сала во Стајковци.

• Набавка на нов училишен мебел и инвентар за училиштето „Св. Кирил и Методиј“.

• Изградба на нов регионален спортски центар помеѓу Стајковци и Црешево.

• Носење на урбанистички план за Стајковци.

• Инвестиции во водоснабдителната мрежа во Стајковци.

Додека за Автокоманда, Борис Георгиевски јавно кажа дека ќе крати од зеленилото за да се градат куќи ние за Автокоманда предвидуваме:

• Проширување и инвестиции во нови зелени површини.

• Реконструкција и инвестиции во водоводната мрежа тука во Автокоманда.

• Реконструкција и инвестиции во канализационата мрежа во Автокоманда.

• Комплетно осветлување на трговскиот центар во Автокоманда.

• Нови автобуски постројки.

• Реконструкција и уредување на просторот пред домот на културата.

• Изградба на нови пешачки патеки.

Изградба на велосипедска патека кон Триангла и кон Хиподром.

• Изградба на нови паркинг места и пристапни улици во Автокоманда.

• Реконструкција на ОУ „Стив Наумов“.

• По завршувањето на водоводната мрежа по должината на ново предвидениот булевар „Хрватска”, ќе се создадат услови за изградба на нова водоводна мрежа, со пумпна станица и резервоар за населбите Железара и Автокоманда, со што ќе се подобри водоснабдувањето во овие две населби.

Граѓаните на општина Гази Баба ја гледаат разликата. Граѓаните на општина Гази Баба сфатија дека СДС и Борис Георгиевски се што презентираа досега беа уцени, лаги и празни ветувања. Затоа во вториот круг граѓаните ќе ги казнат СДС и Борис Георгиевски“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, реакција на изјавата на Борис Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски