Во чешкиот град Млада Болеслав, на север од земјата, изутрината еден маж избодел тројца членови на своето семејство по што се обидел да го запали станот и скокнал од прозорец и починал, јави дописникот на МИА од Прага.
– Три лица беа сериозно повредени и две од нив со хеликоптер биле пренесени во прашка болница и во болница во Либерец, додека третиот е на лекување во Млада Болеслав, изјави за весникот „Право“, портпаролката на Брзата помош Тереза Јаначкова.
Полицијата не соопшти други детали за случајот.