Уапсен човекот кој прегази пешак во Виница

Од:

По превземени оперативни мерки и  активности од страна на СВР-Штип утврдено е дека смртта на лицето Лазар Т.(41) од Виница,  кој што беше пронајден на асфалтна површина на локалниот пат Виница- село Јакимово  (информирано во билтенот за дневни настани на 02.01.2013год.), настапила како последица од повреди здобиени во сообраќајна незгода.

Во критичното време Лазар Т. во сообраќајот учествувал како пешак по што бил удрен од  патничко моторно возило „Шкода Фелиција“  управувана од А.А.(31) од виничкото село Јакимово, кој по незгодата го напуштил местото на незгодата.

А.А. е пронајден и приведен и по  документирање на случајот против него  ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Три девојки се тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

Несреќа во Германија: Едно дете загина, две се тешко повредени во сообраќајка

Четворица загинати и петмина повредени во судир на воз и училиштен автобус во Белгија

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Сопатник на мотор по улица влечеше 12-годишно дете

Горан Наумовски

Определен притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило и усмрти четворица

Предраг Петровиќ