Вкупно 58 припадници на безбедносните сили се убиени во престрелка со екстремисти во Египет, јавија светските агенции, повикувајќи се на локални медиуми.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека безбедносните сили добиле информации за локација на група борци во пустината во западниот дел на Египет, и тргнале со оклопни возила за да ги задржат. Екстремистите поставиле заседа и ги нападнале безбедносните сили со гранати и мало оружје.
Според египетските медиуми, во нападот учествувале голем број борци, а безбедносните сили претрпеле сериозни загуби уште во првите минути од нападот.
Кон локацијата на престрелката испратено е големо засилување, а активирана е и авијацијата.