Ученик во едно приватно училиште во Бразил отвори оган и уби двајца ученици, а четворица се повредени, по што е уапсен, соопштија локалните власти.
Полицијата и пожарникарската служба во градот Гојана соопштија дека жртвите се на возраст од 12 и 13 години, а ученикот кој пукал има 14 години. Повредените ученизи се на возраст од 11 до 16 години.
Полициски службеник изјави дека напаѓачот е син на полицаец и го користел службениот пиштол на татко му.
– Тој за време на одморот го извади пиштолот од ранец и почна да пука. Тогаш сите почнаа да трчаат, истакна неименуван очевидец.
Овој инцидент го шокираше Бразил, каде вооружени напади меѓу ученици не се вообичаена појава.
Меѓутоа, Бразил е една од најнасилните земји во светот, со околу 60.000 убиства годишно.