Двете најголеми агенции за кредитен рејтинг во САД, „Мудис“ и „Стандард енд Пурс“ апелираа до Конгресот да го продолжи планот за намалување на дефицитот на федералниот буџет.
„Мудис“ наведува дека во следните месеци Конгресот на САД треба да преземе дополнителни мерки за намалување на дефицитот во федералниот буџет, кој на годишно ниво во последните четири години е над сумата од еден трилион долари.
– Агенцијата истакнува дека ако тоа не биде постигнато рејтингот на САД од сегашниот „Ааа“ ќе биде намален.
„Стандард енд Пурс“ предупредува „владините финансии да бидат поставени на поцврста основа“.