СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ призна дека е нарачател на насилството на 27 април

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ не само што признава дека е нарачател на насилството на 27 април и нападот на пратениците туку и се идентификува со насилниците кои се обидоа да извршат убиство и физички нападнаа пратеници, новинари и вработени во парламентот.

Обидот на ВМРО-ДПМНЕ да ги спаси своите извршители од одговорност ја потврдува нејзината улога во настаните на крвавиот четврток.

Амнестија за оние кои учествуваа или помогнаа во обидот да се убијат пратеници не смее да има. Во Македонија, како и во секоја демократска земја не може да има амнестија за тешки кривични дела како обид за убиство, терористичко загрозување и дела против државата и уставниот поредок.

На Никола Груевски и на раководството од оваа партија треба да им е јасно дека заврши времето на селективна правда и на монтирани случаи. Македонија станува правна држава и секој кој ги прекршил законите, ќе мора да се соочи со правна одговорност за своите постапки“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања