Двете водечки шпански партии планираат регионални избори во Каталонија

Од:

Шпанската Влада и главната опозициска партија денеска се договорија да организираат нови избори во Каталонија во јануари, како дел од специјалните мерки за решавање на најголемата политичка криза во земјата.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска најави дека утре ќе бидат објавени мерките за поставување на Каталонија под директна управа на Мадрид и оти тие ќе бидат поддржани од социјалистите и од центристичката партија Граѓаните (Сиудаданос).

Претставник на опозициската Шпанска социјалистичка работничка партија (ПСОЕ), Кармен Калво, соопшти дека е постигнат договор со шпанската Влада за одржување нови избори во Каталонија во јануари.

Шпанската Влада утре ќе одржи вонредна седница, на која ќе покрене постапката за активирање на членот 155 од Уставот на Шпанија од 1978 година, кој им овозможува на централните власти да одземат во целост или дел од надлежностите на секоја од 17-те автономни области во земјата.

Мерката, која никогаш не била применета по диктатурата на генералот Франциско Франко, мора да биде одобрена од Сенатот. Народна партија на премиерот Рахој има апсолутно мнозинство, така што таа би требало лесно да помине. Ова гласање во Сенатот може да се одржи најрано на 27 октомври.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата