Буџетот на Грција со примарен суфицит

Од:

Грчкиот буџет покажа првичен суфицит од 2,3 милијарди евра за периодот јануари-ноември 2012 година, споредено со дефицитот од 3,6 милијарди евра за истиот период во 2011 година, јави дописникот на МИА од Атина.

– Овие податоци што ги објави грчкото Министерство за финансии се показател дека мерките за ограничување на расходите почнуваат да даваат резултати, изјави заменик-министерот за финансии Христос Стаикурас.

Сепак, државните долгови кон приватниот сектор пораснаа на 9,3 милијарди евра од 6,7 милијарди во првите 11 месеци од 2012 година.

Министерот за финансии Јанис Стурнарас изјави дека со последната транша од помошта што Атина ја доби од меѓународните кредитори, државата ќе ги плати овие долгови во првата половина од 2013 година со тоа што „министрите треба да достават детални информации“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција