Претседателот Барак Обама, кој се наоѓа на одмор на Хаваи, го потпиша законот за избегнување на таканаречената фискална бездна, што се закануваше земјата да ја врати во рецесија, пренесоа американските медиуми.
Претставничкиот дом во вторникот доцна вечерта го одобри законот со 257 наспроти 167 гласа, речиси 24 часа откако Сенатот го донесе со 89 наспроти осум гласа.