Меркел: Владеењето на правото во Турција тргна во погрешна насока, но тие вршат одлична работа кога станува збор за бегалците

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел на почетокот на Самитот на Европска унија во Брисел упати критики, но и ја пофали Турција.

Меркел наведе дека е многу загрижена поради непочитувањето на владеењето на правото во Турција.

– Во услови на нашите демократски вредности, развојот на настаните во Турција беше многу негативен. Не само да се уапсени Германци, туку и целото владеење на правото во Турција тргна во погрешна насока. Многу сме загрижени поради тоа. И јас ќе поддржам намалување на претпристапните фондови, истакна Меркел на почетокот на Самитот на Европска унија во Брисел.

Таа ја пофали Турција за третманот кон бегалците.

– Исто така ќе бидам јасна дека Турција врши одлична работа кога станува збор за бегалците и ние сме обврзани со Договорот меѓу ЕУ и Турција. Ветивме доплнителни три милијарди евра за следните години, а веќе имаме исплатено три милијарди евра. Мораме да останеме доследни на ветувањето, наведе Меркел.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници