Ѓорѓиевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе достави иницијатива за амнестија на лицата вклучени во немилите настани на 27-ми април

Од:

„ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ до Собранието да достават иницијатива за опфаќање со амнестија на лицата вклучени во немилите настани пред и во парламентот на Република Македонија на 27 – ми април 2017 година.

СДС со доаѓањето на власт и по воспоставување на целосна контрола врз сите државни институции, судството и обвинителството, ги ослободи од затвор Агим Красниќи човек кој во 2004 година под опсада го држеше цело Скопје и беше затворен за цела низа на тешки криминални дела, Бајруш Сејдиу кој е осуден за редица тешки кривични дела, Велија Рамковски кој исто така беше дел од низата ослободени, а беше осуден на поголем број кривични дела, како и Сеад Рахиќ, брат на екс пратеникот на СДС Есад Рахиќ кој беше осомничен за растурање и продавање дрога доби, исто беше ослободен од оваа власт беше ставен во погон на партијата и предизвика инцидент физички напаѓајќи го претседателот на партијата ГРОМ.

Имено владата на СДС уште со доаѓањето на власт почна со спроведување на целосно безредие. Владата на СДС целосно тенденциозно пред почетокот на изборите на владина седница усвои закон за амнестија на околу 1.050 затвореници меѓу кои голем број од нив се обвинети за сторени тешки кривични дела, меѓу кои и дела за тешки телесни повреди.

Резултатот од таквите дејствија на владата е видлив веднаш по изборите. Пукање пред штабови, напади со нож и заплашување на нашите граѓани на секој чекор.

СДС дополнително презеде обврска преку Тиранската Платформа за ослободување на обвинетите во случајот „Монструм“. СДС кои под своја капа го имаат целиот правосуден систем, издејствуваа обвинителството да побара укинување на судската извршна пресуда против лицата кои извршија свирепо убиство на 5 млади лица додека ловеле риба во Смилковското езеро, случај познат во јавноста како „Монструм“, чие судење и пресуди завршија не само пред кривичниот суд, туку беа потврдени и од Апелациониот суд.

ВМРО-ДПМНЕ согледува дека Македонија во континуитет веќе неколку години се наоѓа тензичната политичка ситуација која негативно се одразува во сите аспекти во општеството. ВМРО-ДПМНЕ сака да придонесе за релаксација на политичките тензии во Македонија и помирување на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ сочувствува со повредените пратеници од 27-ми април, и не се согласува со насилството, но во ситуација и услови во која од затворите се ослободуваат тешки криминалци, извршители на тешки кривични дела, трговци со дрога, оружје и многу други тешки кривични дела сметаме дека е неправедно било какво гонење на лицата учесници во немирите од 27-ми април.

Оттука, ИК на ВМРО-ДПМНЕ информира дека покренува иницијатива за итно и неодложно ослободување и амнестирање на сите лица кои извршиле одредени законски прекршувања во инцидентите пред и во парламентот на Република Македонија на 27-ми април 2017-та година“, изјави Орце Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт