НУ Музеј Куманово објави јавен повик до академските ликовни уметници од општината да учествуваат на изложбата „Кумановски ликовни уметници”, која традиционално се реализира од 1956 година досега, во чест на Денот на ослободувањето на градот.
Крајниот рок за пријавување за учество на изложбата е 25 октомври.
– Станува збор за ликовна манифестација која се реализира во континуитет и единствена од таков вид во градот на која се презентираат кумановските ликовни уметници. И оваа година очекуваме добар одѕив кај уметниците од градот, информира кустосот од Уметничката галерија во Куманово, Драгана Спасковска.
Од галеријата информираат дека секој учесник на изложбата треба да пријави едно ликовно дело, по можност неизложувано, од неговата најнова продукција. Делото треба да биде содржи податоци за авторот, наслов и димензии.
Изложбата ќе биде поставена на 10 ноември, а ќе биде испечатен и каталог.