Макпетрол отвори бензинска станица во Општина Вевчани

Од:

Макпетрол продолжува да инвестира во сопствени и нови капацитети. Отворена 127-та бензинска станица.

Макпетрол продолжува да инвестира во сопствените капацитети со цел на верните потрошувачи да им овозможи нови содржини како полесно би патувале низ територијата на нашата држава. Со постојана тимска работа на стручниот и професионален кадар, компанијата ги имплементира највисоките европски стандарди во сегментот на трговијата со нафтени деривати.

Денеска во 13 часот, свечено беше отворена новата Бензинска станица во близина на Општина Вевчани, на која присуствуваа високи претставници на компанијата.

„Веќе 70 години како компанија се трудиме нашите горива и производи да ги направиме лесно достапни за сите граѓани на Република Македонија. Макпетрол од своето формирање, па се до денес е компанија секогаш посветена на квалитетот и задоволството на потрошувачите. Постојаното вложувавме и инвестиравме во продажните капацитети и складови, а со тоа индиректно и во општеството. Денес го гледаме плодот на нашиот труд, Макпетрол е најголемиот дистрибутер на горива во државата со 1800 вработени и 127 бензиски станици низ целата територија на републиката.

За нас квалитетот на нашите горива е императив во работата па затоа ги применуваме највисоките стандарди што ни дава слобода да констатираме дека сме лидер во енергетскиот сектор на Македонија. Врвната услуга, достапноста и лојалноста на нашите потрошувачи, овозможија нашата компанија со гордост да каже дека прославува 70 успешни години постоење, јубилеј кој се поклопи со важни деловни активности на компанијата.

Во изминатите седум децении, успеавме да изградиме Компанија која со своите капацитети и можности ги достигна највисоките европски стандарди во сегментот на трговијата со нафтени деривати. Секогаш настојуваме да обезбедиме квалитетно, сигурно и економично снабдување со нафтени деривати, гас и био горива. Тука е секако неприкосновениот квалитет на нашите горива, современите продажни објекти и складишни капацитети, како и успешното одвивање на ВЕРНА програма за лојалност.“ – изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол.

„Водејќи се по принципот да бидеме присутни онаму каде навистина има потреба, така и со оваа модерна бензиска станица се приближуваме кон нашите потрошувачи на кои ќе им бидат достапни сите наши квалитетни производи и современи услуги“. – додаде Тасевски.

И овој пат, Макпетрол заедно со децата од ликовната секција на основното училиште Страшо Пинџур од Општина Вевчани, настанот го збогатија со мини изложба на ликовните трудови на тема „Мојата прва асоцијација за Макпетрол.

„Веќе седум децении Макпетрол се стреми кон постојан напредок и воведување новитети во своето работење, знаејќи дека својот успех го должи на довербата и лојалноста на клиентите и на пошироката заедница во која секојдневно дејствува.

Стопанисувајќи при тоа како дел од енергетскиот свет кој постојано се менува, работиме на многу полиња и постојано ја унапредуваме нашата инфраструктура и услуга. 70 години Макпетрол е пионер во примената на новите технологии, секогаш посветен на квалитетот на своите производи и услуги.

Како компанија веруваме дека можеме да го направиме Вашето секојдневие полесно и поедноставно, па тоа нека биде и мотото на отварањето на оваа бензинска станица во Вевчани“.– изјави Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба.

Бензиската станица во Вевчани, 127 по ред, се одликува со современ изглед и со беспрекорна функционалност и достапност.

„На потрошувачите им нудиме широка палета на производи, започнувајки од бензинските горива Ultra 95+ Economy и Ultra 100 Race Pro, дизел горивата Ultra Diesel Power Jet и Ultra Diesel Bio Jet, како и авто ТНГ горивото“. – додадоа од компанијата.

„Во план е проширување на понудата со изведба на метанска инсталација со што комплетно ќе ја заокружиме понудата на квалитетни горива достапни на оваа бензинска станица. Секако тука е и дополнителниот асортиман со широк избор производи што ќе го олесни патувањето на нашите потрошувачи.

Оваа нова бензинска станица, во која се инвестирани средства во висина од 120 милиони денари, е во согласност со највисоките пропишани технички и безбедносни нормативи. Воедно овозможивме отворање и на 9 нови работни места за локалното население.

Успехот на една компанија најдобро се гледа преку бројноста на нејзините задоволни и лојални корисници и сигурни сме дека преку оваа бензинска станица дополнително ќе ја зголемиме довербата на истите.

Макпетрол општествената одговорност ја чувствува како должност кон населението, па затоа како благодарност за прекрасните ликовни творби изработени од вештите раце на учениците од општинското основно училиште Страшо Пинџур им донираше лаптоп и проектор, како што изјавија со оваа донација би им ја олесниле работата во дел од наставата.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот