Тројката меѓународни кредитори се враќаат во Грција

Од:

Директорите на тројката меѓународни кредитори од Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд повторно се враќаат во Грција, јави телевизијата „Антена“.

Претставниците на меѓународната тројка кредитори пристигнуваат во Грција на 15 јануари.

Целта на посетата е да разговараат со Владата на премиерот Андонис Самарас за мерките кои Атина треба да ги спроведе, со цел да и биде доделен останатиот дел од помошта. До март на Грција треба да и бидат доделени уште 14,8 милијарди евра од меѓународната финансиска помош за земјата.

Меѓу бараните мерки се зголемување на цените на електричната енергија, донесување на нов даночен закон, реструктурирање на системот за собирање даноци, одредување специјален секретар за приходи и почитување на роковите за приватизација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција